• понеделник, 23 декември 2024

Вевчани одбележува годишнина од „Вевчанскиот случај“

Вевчани одбележува годишнина од „Вевчанскиот случај“

Вевчани, 7 август 2024 (МИА) - Во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ вечер ќе биде отворена изложбата „Вевчанските уметници од Вевчани за Вевчани“ со дела од вевчански уметници во рамките на манефестацијата „Вевчанско лето 2024“.

На изложбата, како што е најавено, ќе бидат претставени дека на Никола Угриноски, Перо Шутиноски, Симун Коруноски, Коста Костоски, Симун Лепоски, Боро Даскал, Кристо Чочороски, Гордана Алулоска, Гаврило Парталоски, Ана Чоловиќ Лешоска и Јана Парталоска. За забавниот дел, пак, ќе бидат задолжени „Коста Костоски & Драма“.

Со изложбата и синоќешната трка „Терчаме непокорни и горди“, како што истакна градоначалникот Спасе Кочовски, Вевчани одбележува 37 години од немилите настани, кои се случија на денешен ден во 1987 година.

Вевчани и вевчанецот, нагласи тој, станаа пример за непокор и достоинство.

-И по 37 години спомените се толку свежи, голема беше неправдата, а желбата уште поголема да го зачуваме најголемото богатство што го имаме „водата“. Овој датум е значајно сведоштво за денешните и идни генерации, истакна Кочовски за МИА.

„Вевчанскиот случај“ почнал на 5 и 6 август 1987, кога и покрај договорот на месните заедници од селата Вевчани и Октиси да се постават цевки од Вевчанските извори за водовод во селото Октиси со помал пречник, мештаните затекнале многу поголеми. На тоа се спротиставило месното население од Вевчани, пред се жени, бидејќи поголем дел од мажите биле на печалба. Немирите кулминирале на 7 август, кога специјалната полиција за да го растера народот, кој се спротивставил и кренал бунт против поставувањето цевки со електрични палки го растерувала народот, а имало и апсења. Вевчанци не биле задоволни од понудените решенија, правдата ја барале на протести и во Скопје. Протестите траеле околу три години се до доаѓањето на Васил Тупурковски на чело на претседателското претставништво на СФРЈ, кој прифатил најголем дел од
петте барања на Вевчанци. сс/дма/

Фото: Плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан