• петок, 27 декември 2024

Вебер прашува зошто ЕУ не воведе санкции кон Лукашенко

Вебер прашува зошто ЕУ не воведе санкции кон Лукашенко
Брисел, 6 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на најбројната пратеничка група во Европски Парламент - Европска народна партија (ЕПП), Манфред Вебер денеска го праша претседателот на Европски совет, Шарл Мишел зошто и белорускиот претседател Александар Лукашенко не е опфатен со европските санкции, што се воведени кон белоруските политичари. - Чашата е половина полна и половина празна, половина празна бидејќи имаме одговорни за тортура и насилство во Белорусија, но се прашувам каде во сето тоа е Лукашенко и го прашувам Мишел - зошто, истакна ВЕбер на парламентарната седница на ЕП. ЕУ на минатонеделниот Самит одлучи да воведе санкции кон лица, компании или организации блиски до Лукашенко, бидејќи Брисел ги смета за одговорни за наводно недемократските избори и репресија над граѓаните. ми/

Остани поврзан