• понеделник, 16 декември 2024

Вашингтон пост: Бајден утре ќе нареди обврзна вакцинација за сите вработени во федералните органи 

Вашингтон пост: Бајден утре ќе нареди обврзна вакцинација за сите вработени во федералните органи 

Вашингтон, 28 јули 2021 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден се очекува во четврток да нареди обврзна вакцинација за сите вработени во федералната влада. Ова денеска го објави Вашингтон пост.

Покрај обврзната вакцинација, претседателот може да даде наредба за потврда за вакцинација при влез во државните објекти и за патувања меѓу државите, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

„Широко наметнатите мерки за вакцинација би ги притиснале властите и приватниот сектор да воведат пасоши за вакцинација, по примерот на многу држави во Европа“, пишува весникот.    

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) синоќа препорачаа повторно носење маски во затворени простории во државите каде коронавирусот од новиот поотпорен Делта сој се шири поради малиот број целосно вакцинирани. 

Најниска стапка на вакцинација во САД има во Алабама, каде само 34.1 отсто од возрасните се целосно вакцинирани, потоа во Мисисипи (34.2 отсто целосно вакцинирани), Вајоминг (36.4 отсто), Арканзас (36 отсто). Во уште неколку држави од Југот и средниот Запад како Луизиана, Џорџија или Ајдахо, стапката на вакцинација е пониска од 40 отсто. кб/паг/

Остани поврзан