Вацке: Европските клубови се арогантни и тоа му штети на Светското клупско првенство
- Европските тимови се поарогантни од вообичаено и ова му штети на Светското клупско првенство, изјави извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке. Тој додаде дека претставниците на Стариот континент добиле доказ за тоа колку се силни тимовите од Јужна Америка.
Берлин, 25 јуни 2025 (МИА) - Европските тимови се поарогантни од вообичаено и ова му штети на Светското клупско првенство, изјави извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке. Тој додаде дека претставниците на Стариот континент добиле доказ за тоа колку се силни тимовите од Јужна Америка.
-Со свои очи го гледаме ентузијазмот што го имаат навивачите од Јужна Америка, Азија и Африка за овој турнир. За нив, тој има иста вредност како што Лигата на шампионите има за нас. Овој турнир покажа дека европските клубови се малку поарогантни отколку што очекував. Таа ароганција им штети бидејќи видовме колку е силен јужноамериканскиот фудбал, вели Вацке во интервју за „Спорт Билд“.
Дортмунд е еден од 12-те европски тима на турнирот и му треба бод против Улсан од Кореја за да ја помине групната фаза. Сепак, големите клубови како Порто и Атлетико Мадрид не успеаја да ја поминат прелиминарната фаза за сметка на бразилски тимови како Палмеирас и Ботафого. дс
Фото: Архива