• сабота, 23 ноември 2024

„Ватс-ап“ воведува нова опција за проследувањето „спам“-пораки

„Ватс-ап“ воведува нова опција за проследувањето „спам“-пораки
Лос Анџелес, 11 март 2022 (МИА) - „Ватс-ап“, наводно, воведува новитет. Се работи за ажурирање коешто ќе може да го ограничи тоа колкупати корисникот ќе може да препрати порака. Податоков прв го објави порталот „Вабетаинфо“ (WABetaInfo), кој успешно предвиде неколку претходни новости на „Ватс-ап“. Според наводите, корисникот со новата опција, ако сака да го препрати текстот на втор или трет „чет“-разговор, ќе мора да го избере и повторно да го проследи, односно тоа би одело малку побавно. Ова не е првпат апликацијата да го отежнува проследувањето на содржините - во обид да се искоренат или намалат тн. „спам“-измами на интернет. „Штом пораката е означена како препратена, веќе нема да може да се препраќа на повеќе од еден разговор истовремено“, се вели во написот. Новото ограничување во мигов се однесува само на бета-тестерите и ќе биде достапно за сите многу набргу.  си/

Остани поврзан