Ватикан: Лекарите постепено ја намалуваат терапијата со кислород за Папата
- Лекарите кои се грижат за здравјето на папата Франциск, кој повеќе од еден месец е хоспитализиран во римската болница Гемели поради билатерална пневмонија, постепено ја намалуваат неговата терапија со кислород, објави вечерва Ватикан.

Ватикан, 17 март 2025 (МИА) - Лекарите кои се грижат за здравјето на папата Франциск, кој повеќе од еден месец е хоспитализиран во римската болница Гемели поради билатерална пневмонија, постепено ја намалуваат неговата терапија со кислород, објави вечерва Ватикан.
Тој сега за прв пат се префрла на намален проток и „за одреден период папата може да остане без дополнителен кислород“, соопшти прес-службата на Ватикан на вечерниот брифинг.
Франциск, кој е папа од март 2013 година, претрпе неколку респираторни кризи во болница што предизвикаа вистински стравови за неговиот живот, но неговото здравје се подобрува во последните две недели.
Од прес-службата денеска додадоа дека неговата состојба и понатаму е стабилна и дека денеска бил на физиотерапија, работел, се молел и одморал.
Следниот официјален билтен за неговата здравствена состојба се очекува да биде објавен „најрано во среда навечер“.
Френциск страдаше од зголемени здравствени проблеми во последниве години, но ова е најдолгата и најсериозна хоспитализација откако тој ја води Римокатоличката црква. мс/
фото: ЕПА