Василев селектира 12 кошаркари за скопскиот „Челенџер“
- Селекторот на македонската репрезентација до 18 години, Никола Василев одбра 12 кошаркари за скопскиот „Челенџер“.

Скопје, 1 август 2021 (МИА) - Селекторот на македонската репрезентација до 18 години, Никола Василев одбра 12 кошаркари за скопскиот „Челенџер“.
На списокот на Василев се најдоа: Андреј Митревски, Филип Наков, Марин Петков, Никола Василевски, Резарт Мемед, Амар Хот, Тома Стојановски, Димитар Иванов, Мирослав Ѓорѓевиќ, Горазд Величковски, Теон Богатиновски и Павел Атанасов.
Турнирот ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје од 3 до 8 август.
Ривали на „црвено-жолтите“ во А-групата ќе бидат селекциите на Хрватска, Грузија, Шпанија, Србија и Германија. зс/