• среда, 25 декември 2024

Варшава го отповика полскиот командант на Еврокорпус поради истрага за шпионажа

Варшава го отповика полскиот командант на Еврокорпус поради истрага за шпионажа

Варшава, 27 март 2024 (МИА) – Полското Министерство за одбрана денеска соопшти дека го отповика полскиот командант на Еврокорпус, генерал-полковник Јарослав Громаџински, поради истрага на военото контраразузнавање.

Воената контраразузнавачка служба почна постапка за проверка на личната дозвола за пристап до доверливи информации на генерал-полковник Јарослав Громаџински поврзано со добивањето нови информации за офицерот. Поради оваа причина, донесена е одлука за ослободување на генерал-полковник Громаџински од функцијата командант на Еврокорпус и за негово итно враќање во земјата, истакнува во соопштението на полското Министерство за одбрана, без да се наведат детали.

Генерал-полковник Громаџински беше командант на Еврокорпс, заедничка воена група на некои земји од Европска Унија и НАТО, од јуни 2023 година, а претходно командуваше со 18-та полска механизирана дивизија во Ирак. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан