• вторник, 24 декември 2024

Вархеjи: Србија треба да отвори нов кластер

Вархеjи: Србија треба да отвори нов кластер

Белград, 19 март 2024 (МИА)- Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји изјави да, кога станува збор за проширувањето на ЕУ и Србија, дека на терен има напредок и да тоа мора да се признае, како и дека Србија треба да го отвори следниот кластер, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој на прес-конференцијата по седницата на Комисијата за надворешни работи, на која се разговараше за проширувањето, рече дека само преку вакви чекори може да се задржи нивото на мотивација да се тргне напред.

-Значи, ако има напредок, тоа мора да се препознае. Затоа остануваме на нашиот предлог за отворање на следниот кластер. Само преку овие чекори можеме да го одржиме нивото на мотивација за да продолжиме напред. Затоа треба да одиме напред и со Србија, рече тој.

Зборувајќи за барањето на Приштина за членство во ЕУ, Вархеји рече дека последните настани во Косово не му олеснуваат на Советот да ја процени апликацијата.

-Ние го изразивме тоа многу, многу пати. Секогаш кога Советот ѝ доверува на Комисијата да даде свое мислење за апликацијата, ние сме подготвени да го сториме тоа. Но, исто така, многу јасно гледаме дека наместо деескалација, гледаме дека се појавуваат нови елементи на ескалација, рече Вархеји. об/сд/

Остани поврзан