• понеделник, 23 декември 2024

Вархеји по средбата со Муртeзани: Нема време за губење во комплетирањето на потребните чекори

Вархеји по средбата со Муртeзани: Нема време за губење во комплетирањето на потребните чекори

Брисел, 4 септември 2024 (МИА) – Имавме добра размена на мислења за пристапниот процес на Северна Македонија, објави попладнево на Икс еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји информирајќи за неговата денешна средба со министерот за европски прашања Орхан Муртезани. 

- Проширувањето е наша заедничка цел. Се согласивме дека нема време за губење кога станува збор за комплетирање на потребните чекори, наведе Вархеји, додавајќи дека сите алатки се тука за да се направи голем успех за луѓето од земјава. 

Претходно, во изјава за МИА, Муртезани истакна дека на средбата се разговарало за европската интеграција на земјава, за предизвиците и пречките на нејзиниот пат кон полноправно членство во ЕУ, вклучително и за уставните измени, како и за Планот за раст на Западниот Балкан и за реформската агенда поврзана со него. сп/аа/

Фото: Икс

Остани поврзан