Вархеји: Нашите очи и уши се вперени во Скопје
- Нашите очи и уши се вперени кон Скопје и мора да водиме демократска дебата. Видовте дека претседателката на Европската комисијам Урсула фон дер Лајен даде директен придонес. Нека се развие де
Валона, 14 јули 2022 (МИА) - Нашите очи и уши се вперени кон Скопје и мора да водиме демократска дебата. Видовте дека претседателката на Европската комисијам Урсула фон дер Лајен даде директен придонес. Нека се развие дебатата и потоа да ги кажеме нашите позиции, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји.
Тој доцна попладнево пристигна во албанскиот приморски град Валона, ја разгледа новоизградената обиколница финансирана од Европската Унија, по што одржа прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Што се однесува за Албанија, според Вархеји, таа направила сè за да дојде до првата меѓувладина конференција.- Верувам дека следната недела ќе биде неделата што толку долго ја чекавме, додал Вархеји.
Европската Унија ја поддржа изградбата на обиколницата со грант од 20 милиони евра. Исто така, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за овој проект учествуваа со заеми од по 18 милиони евра. вт/ар/