• четврток, 26 декември 2024

Вархеји е негативен на Ковид-19, излезе од карантин

Вархеји е негативен на Ковид-19, излезе од карантин
Брисел, 15 октомври 2020 (МИА) - Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји доби и втор негативен тест на коронавирус, по што излезе од карантин, во кој се наоѓа по посетата на Западен Балкан. - Не сум веќе во самоизолација и ги продолжувам своите активности почитувајќи ги здравствените мерки. Останете безбедни, напиша Вархеји на својот твитер-налог. Тој беше во самоизолација по добиената информација дека еден член на неговиот тим, со кој патувал во посета на Западен Балкан, бил позитивен на тестот на Ковид-19. гт/

Остани поврзан