• сабота, 16 ноември 2024

Вархеји: ГАК испрати јасна порака за посветеноста на ЕУ на процесот на проширување  

Вархеји: ГАК испрати јасна порака за посветеноста на ЕУ на процесот на проширување  

Брисел, 12 декември 2023 (МИА) - Усвоените заклучоци од страна Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) за проширувањето се фундаментални за напредокот на политиката на проширување и со нив се потврдува напредокот на 10-те кандидати за членство и се испраќа јасна порака за посветеност на проширувањето на Унијата со земјите од Западниот Балкан, Турција, Украина, Молдавија и Грузија, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по денешното заседание на ГАК. 

- Ова е година на моментум на политика на проширување на ЕУ и драго ми е што не само што успеавме да дадеме предлози до Советот, туку донесовме и одлуки, рече Вархеји.  

Според него, конечната одлука околу процесот на проширување сепак останува да биде донесена на Европскиот совет, чие заседание е предвидено за четврток и петок. 

- Ќе видиме каква стратешка одлука ќе донесат лидерите на Советот оваа недела и се надеваме дека ќе се согласат на јасна порака и ќе ја потврдат посветеност на јасна перспектива за членство на Западниот Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, врз основа на препораките на Комисијата, додаде Вархеји. 

North Macedonia will continue the negotiating process with the European Union once the constitutional amendments are adopted, as stipulated in the Negotiating Framework and in line with the E

Тој потенцира дека овие заклучоци ќе бидат основа за дискусија на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел, бидејќи тие не се само за пристапувањето кон Унијата, туку се и одраз на новиот политички предлог на Брисел за забрзување на пристапниот процес - Планот за раст на Западниот Балкан. 

- Се надевам дека утрешниот Самит нема само да ја потврди користа на овој предлог, туку ќе има инстант одлуки од страна на земјите членки и партнерите од Западниот Балкан, додаде Вархеји. 

Шпанскиот државен секретар за ЕУ, Пасквал Игнасио Наваро Риос, чија земја е актуелен претседавач со Унијата посочи дека Советот за општи работи ги усвои заклучоци за проширувањето по долгата расправа и во нив е изразена поддршка за овој процес, кој е оценет како важен за иднината на Европа.  

Наваро Риос додаде дека Советот за општи работи ја разгледал и евалуацијата на својот годишен дијалог за владеење на правото, но не успеал да постигне консензус по нацрт-заклучоците за ова прашање, кои биле поддржани од 25 од 27-те земји членки на ЕУ. Во такви услови, според Наваро Риос, шпанското претседателство со ЕУ одлучило до Советот на ЕУ да ја предложи својата предлог-верзија за заклучоците. 

Заклучоците го консолидираат постоечкиот пристап кон годишниот дијалог на Советот за владеење на правото како значајна превентивна алатка за владеење на правото на ЕУ. Дијалогот, според оценката на Советот на ЕУ, овозможил отворена размена на коментари и најдобри практики врз основа на годишниот извештај на Комисијата за владеење на правото, истовремено обезбедувајќи објективност, недискриминација и еднаков третман на сите земји-членки. 

Наваро Риос додаде дека на заседанието се расправало и за предлогот на Шпанија за измена на Регулативата 1/1958 на ЕУ со што каталонскиот, баскискиот и галицискиот јазик би биле признати како службени јазици во Унијата, за што според него е постигнат видлив напредок и останува на следниот претседавач со блокот – Белгија, да продолжи со овој процес. 

Тој додаде и дека и извршниот потпретседател на Европската комисија за Европски зелен договор, меѓуинституционални односи и предвидливост Марош Шефчович на заседанието ги информирал членовите на ГАК дека се усогласени текстовите на договорите за асоцијација на ЕУ со Андора и Сан Марино. 

Шефчович, од своја страна, на прес-конференцијата истакна дека и договорите за асоцијација ќе обезбеди учество на Андора и Сан Марино на внатрешниот пазар на ЕУ и соработка во други области на политиката на ниво какво што имаат Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. 

Според него, овие договори и овозможуваат на ЕУ да развие посебни односи со овие две соседни земји, а нив им нуди шанса за градење поблиски врски со Унијата. сп/лв/

Фото. ЕБС

Остани поврзан