• недела, 24 ноември 2024

Вархеи утре во посета на Тирана

Вархеи утре во посета на Тирана

Тирана, 13 јули 2022 (МИА) - Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеи утре ќе ја посети Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според албанските медиуми, тој заедно со премиерот Еди Рама ќе ја посети новоизградената обиколница кај приморскиот град Валона финансирана од ЕУ, што во употреба Рама ја пушти на 7. месецов.

Европската унија ја поддржа изградбата на обиколницата преку грант од 20 милиони евра. Исто така, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) учествуваа со заеми од по 18 милиони евра за овој проект. вт/паг/

Остани поврзан