• недела, 24 ноември 2024

Вархеи: ЕУ одлучна да и помогне на Србија на нејзиниот европски пат

Вархеи: ЕУ одлучна да и помогне на Србија на нејзиниот европски пат
Брисел, 22 јуни 2020 (МИА) - Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи изјави дека Европска Унија е подготвена да и помогне на Србија брзо да напредува на патот кон ЕУ и да го поддржи нејзиното економско опоравување по кризата со Ковид-19. - Важен ден за Србија со парламентарните и локалните избори. Со нетрпение ја чекаме новата влада да работиме на реформите поврзани со ЕУ, напиша Вархеи на Твитер. Тоа е првата негова реакција на вчерашните парламентарни избори во Србија, на кои убедливо победи Српска напредна партија (СНС) на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ. ми/

Остани поврзан