Варсо - новата највисока кула во ЕУ
- Сместена во Варшава, Полска, градбата од 310 метри ја престигна кулата „Комерцбанк“ во Франкфурт, Германија, која претходно го држеше рекордот со 259 метри висина.

Варшава, 2 ноември 2022 (МИА) - Нов рекорд е поставен во Европа - завршена е кулата „Варсо“, сега највисоката зграда во Европската унија. Сместена во Варшава, Полска, градбата од 310 метри ја престигна кулата „Комерцбанк“ во Франкфурт, Германија, која претходно го држеше рекордот со 259 метри висина.
Облакодерот има 53 ката, наменети за канцеларии, ресторани и две простории за опсервација. Именувана по Варсовија, латинското име за Варшава, зградата служи како порта за развој на новиот деловен парк „Варсо место“, сместен во центарот на Варшава. Комплексот се поврзува со основната железничка станица во градот. Дизајнирано од британската архитектонска фирма „Фостер и партнерите“, зданието се истакнува со стаклена фасада со тројно застаклување и шпицест врв од околу 80 метра.