• четврток, 25 јули 2024

Варди му донесе триумф на Лестер над Арсенал

Варди му донесе триумф на Лестер над Арсенал
Лондон, 25 октомври 2020 (МИА) - Лестер го победи Арсенал со 1:0 вечерва на гостински терен во мечот од 6. коло на англиската Премиер лига. Единствениот гол на натпреварот во 80. минута го постигна Џејми Варди. За него ова е 11. погодок на 12 настапи против Арсенал во првенството. Само поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни има повеќе од него (вкупно 12). Во исто време, Варди е најдобар стрелец во Премиер лигата на гостински терен против „топчиите“ со пет гола. По оваа средба, Лестер со 12 бода е на четвртото место во поредокот, Арсенал со 9 бода е на 10. позиција. зс/

Остани поврзан