• понеделник, 23 декември 2024

Вардар 1961 против Еурофарм Пелистер ќе ја брани титулата во ракометниот Куп

Вардар 1961 против Еурофарм Пелистер ќе ја брани титулата во ракометниот Куп

Охрид, 11 мај 2023 (МИА) – Ракометарите на Вардар 1961 се пласираа во финалето на македонскиот Куп, откако вечерва во вториот полуфинален дуел на фајнлфорот во Охрид беа поуспешни од Алкалоид со 31-22 (14-9).

Вардар 1961 ќе ја брани титулата во реприза од ланското финале во кое „црвено – црните“ го совладаа Еурофарм Пелистер во Кавадарци со 23-22.

Најефикасен вечерва во редовите на Вардар 1961 беше Дејан Манасков со 12 голови, додека голманот Мартин Томовски запиша 17 одбрани.

Во првото полуфинале од денешната програма, Еурофарм Пелистер рутински го совлада Тинекс Пролет со 28-21.

Финалниот натпревар ќе се одигра в сабота од 18:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.

Освојувачот на двојната круна од минатата сезона Вардар 1961 е најуспешна екипа во историјата на македонскиот машки ракометен Куп со 15 титули. ег/вј/ 

 

Фото: Фејсбук Вардар 1961

 

Остани поврзан