Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига
- Ракометниот клуб Вардар 1961 забележа победа над Алкалоид од 29:27 (15:13) во дерби натпреварот од 12. коло на Суперлигата.

Скопје, 24 ноември 2024 (МИА) - Ракометниот клуб Вардар 1961 забележа победа над Алкалоид од 29:27 (15:13) во дерби натпреварот од 12. коло на Суперлигата.
Ова беше прв пораз за избраниците на Кирил Лазаров во кампањата.
Сепак „црвено-црните“ не го анулираа поразот од три разлика од Автокоманда (33:30) кој на крајот може да се покаже и како клучен во битката за титулата.
Најефикасни кај победникот беа Хориха со седум и Срдановиќ со шест реализации, додека на спротивната страна Митев постигна пет погодоци. дс
Фото: Фејсбук/ Вардар 1961