• сабота, 28 декември 2024

Вардар останува без Атман и Криштопанс, на лето ќе замине и Гедбане

Вардар останува без Атман и Криштопанс, на лето ќе замине и Гедбане
Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) - Финансиски проблеми во двократниот европски ракометен шампион, Вардар. „Црвено-црните“ во продолжение на сезоната остануваат без двајца играчи - Даинис Криштопанс и Павел Атман. Летонецот до крај на сезоната ќе игра за бундеслигашот Фухсе Берлин, а на лето се сели кај Раул Гонзалез во ПСЖ. Русинот, пак, се врати во родната земја и до јуни ќе настапува за московски Спартак. Трансфер претходно комплетира и Данил Шишкарев, а во најава за заминување се и Словенецот Сташ Скубе и Германецот Кристијан Дизингер. По завршување на сезоната ќе замине и голманот Калифа Гедбане кој договори трансфер во Адемар Леон. Причина за одливот на ракометари во Вардар е беспарицата и шесте плати што клубот ги должи. сѓд/

Остани поврзан