• петок, 27 декември 2024

Варвициотис од полско – украинската граница испрати порака на солидарност за Украина и поддршка за Полска

Варвициотис од полско – украинската граница испрати порака на солидарност за Украина и поддршка за Полска
Атина, 14 април 2022 (МИА) – Пораката на Грција е јасна: Солидарност со украинскиот народ и поддршка за Полска, порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис од полско – украинската граница, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчкото МНР, во рамките на престојот во Полска, Варвициотис ги посетил бегалскиот камп во Хелм, како и селото Дорохуск од каде што поминале над 1,3 милиони украински бегалци и истакнал дека „не смее да се прифати продолжување на хуманитарната катастрофа во Украина, дека војната мора да заврши и да бидат поразени експанзионистичките аспирации на Путин и Русија“. „На границата Полска – Украина бев сведок на драмата на украинските бегалци. Вистинска хуманитарна катастрофа. Пораката на Грција е јасна: Солидарност со украинскиот народ и поддршка за Полска. ЕУ сега е свесна и не смее да остави ниту една земја - членка сама пред нашите заеднички проблеми“, напиша Варвициотис на Твитер. За време на посетата, тој рекол дека Грција веќе примила над 20.000 бегалци од Украина и може да прими уште повеќе доколку има потреба. ср/паг/

Остани поврзан