• вторник, 27 август 2024

Ван де Бек ги одбил услугите на Мино Рајола

Ван де Бек ги одбил услугите на Мино Рајола
Манчестер, 27 октомври 2021 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек, одбил да соработува со агентот Мино Рајола, пишува „Дејли експрес“. Според изворот, Рајола му понудил на 24-годишниот Холанѓанец да помогне во заминувањето од сегашниот клуб, но играчот одбил. Ван де Бек моментално го претставува „HCM Sports Management“, кој исто така работи со поранешниот партнер на фудбалерот во Ајакс, Френки де Јонг. На 26 октомври беше објавено дека Ван де Бек сака да смени агент за да го забрза трансферот од Манчестер јунајтед. зс/

Остани поврзан