• сабота, 28 декември 2024

Вандализам на скултурата „Зашиени емоции“ во центарот на Штип

Вандализам на скултурата „Зашиени емоции“ во центарот на Штип

Штип, 11 ноември 2024 (МИА) – Оштетен е дел од скулптурата „Зашиени емоции“ посветена на текстилните работнички во паркот кај штипскотото Општинско основно училиште „Ванчо Прќе“, која беше свечено откриена од претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова на „Текстилјда 8“, а која се одржа пред еден месец.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ информираше дека синоќа, во центарот на Штип, на најпрометната улица кај училиштето „Ванчо Прќе“, е украден дел од иглата на скулптурата изработена од реномираниот скулптор, уметник, магистар и професор Никола Смилков.

- Овој чин е срам за нашиот град и навреда за трудот на сите кои вложија време, енергија и љубов за да создадат нешто вредно за Штип. Ги повикуваме надлежните институции, веднаш да го решат случајот и да ги заштитат јавните добра. Апелираме до граѓаните, ако сте сведоци на овој срамен чин или имате било каква информација за сторителите, ве молиме да го пријавите случајот, вели Ампева.

Таа посочува дека Штип заслужува почит, а какошто вели „нашиот град не е место за вандализам и безредие. вдј/ев/

ФОТО: МИА

 

Остани поврзан