• среда, 27 ноември 2024

Вакцинација со трета доза за здравствените работници, згрижените во домови за стари лица и граѓаните над 60 години во Грција

Вакцинација со трета доза за здравствените работници, згрижените во домови за стари лица и граѓаните над 60 години во Грција
Атина, 20 септември 2021 (МИА) – Згрижените во домовите за стари лица, здравствените работници и лицата над 60-годишна возраст во Грција ќе добијат и трета доза од вакцината, соопштија попладнево на редовната прес конференција за имунизацијата во земјата, претседателката на Комисијата за вакцинација Мариа Теодориду и генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина. Третата доза, нема да биде задолжителна, ќе биде со мРНА вакцина, шест до осум месеци по втората доза. Претседателката на Комисијата за вакцинација Мариа Теодориду објасни дека намалувањето на антителата во комбинација со мутациите, биле главните причини, Комисијата да препорача и трета доза за конкретните категории, додека пак за веројатноста трета доза да примат сите граѓани, посочи дека ги очекуваат резултатите од соодветните студии на оваа тема, па дополнително ќе донесат одлуки Темистоклеус објасни дека на крајот на месецов, односно на 30 септември ќе се отвори платформата за закажување на термин за третата доза за лицата над 60 година и за здравствените работници, доколку се поминати шест месеци од втората доза, а следната седмица ќе започне имунизацијата во домовите за стари лица со помош на мобилните единици. Во однос на процесот на имунизација во земјата, според податоците што ги соопшти Темистоклеус, досега се аплицирани над 11.900.000 дози од вакцината, 6.365.000 граѓани се вакцинирани со една доза, односно 60,6 отсто од општото и 70 проценти од полнолетното население. ​Целосно имунизирани се 5.950.000 лица, што е 56,7 проценти од општата и 65,6 отсто од полнолетната популација. ср/  

Остани поврзан