Вавринка се раздели со својот тренер, со кого освои три Грен слема
- Швајцарецот Стен Вавринка објави раскинување на соработката со тренерот Магнус Норман, со кого освои три Грен слем турнири.

Лозана, 21 септември 2020 (МИА) - Швајцарецот Стен Вавринка објави раскинување на соработката со тренерот Магнус Норман, со кого освои три Грен слем турнири.
- По осум прекрасни години, решивме да се разделиме со заеднички договор. Соработката беше неверојатно силна, пријатна и исклучително успешна. Заедно го достигнавме врвот на спортот и сакам да му кажам благодарам на Магнус што ми помогна да освојам сè за што само можев да сонувам.