• среда, 27 ноември 2024

Вавринка нема да игра во Мадрид

Вавринка нема да игра во Мадрид
Мадрид, 14 април 2022 (МИА) - Поранешниот светски рекет број 3, Стен Вавринка се повлече од Мастерсот во Мадрид, кој започнува на 1 мај. Швајцарецот не е задоволен од својата физичка подготовка и сака да се концентрира на тренинзите пред настапите во Рим, Женева и во Париз на „Ролан Гарос“. Трикратниот грен слем шампион беше една година надвор од терените поради проблеми со стапалото. Во првите два меча по враќањето, Вавринка доживеа два пораза. зс/

Остани поврзан