• среда, 27 ноември 2024

Вавринка највозрасен тенисер со победа на УС Опен од 1992

Вавринка највозрасен тенисер со победа на УС Опен од 1992

Њујорк, 30 август 2023 (МИА) – Поранешниот победник на УС Опен, 38-годишниот Швајцарец Стан Вавринка стана највозрасен тенисер кој победил на грен – слем турнирот во Њујорк од 1992 година кога тоа го направи 40-годишниот Џими Конорс.

Вавринка, кој последната од своите три грен – слем титули ја освои во Њујорк во 2016, а изминатите сезони има проблеми со стапалата, триумфираше попладнево во воведното коло над Јапонецот Јошишито Нишиоку со 7-6, 6-2, 6-4.

„Мислам дека играм добро. Не се обидувам да се споредувам со оној од минатото, бидејќи никогаш не е добра идеја да се споредува тоа што го правев пред неколку години“, рече Вавринка по натпреварот.

Швајцарскиот тенисер се врати на АТП во март 2022, по повеќе од една година пауза и две операции на левото стапало. Пред стартот на овогодишното издание на УС Опен, Вавринка е рангиран на 49 место на светската листа. ег/паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан