• среда, 27 ноември 2024

Бучковски разрешен од должност специјален владин претставник за Бугарија

Бучковски разрешен од должност специјален владин претставник за Бугарија
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Владата на денешната седница го разреши Владо Бучковски од позицијата Специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, информираа за МИА владини извори. Од Владата посочуваат дека му благодарат на Бучковски за сите ангажмани и напори со кои придонесе кон одржувањето на добрососедските и пријателските односи меѓу Северна Македонија и Бугарија во време на предизвици кои подразбираа потреба од мудар, трпелив и посветен однос кон барањето решенија. - Се очекува, согласно разговорите меѓу премиерите на двете држави и меѓу мандатарот за премиер Ковачевски и премиерот на Бугарија Петков, двајцата нови премиери согласно заеднички утврдена методологија да ги утврдат начините, ресурсите и чекорите кон конечно решавање на отворените прашања, потпирајќи се на условите и успесите постигнати од сите чинители во досегашните процеси, посочуваат од Владата. сп/

Остани поврзан