• понеделник, 23 декември 2024

Буфон кон Пандев: Сега барем нема да ми даваш голови

Буфон кон Пандев: Сега барем нема да ми даваш голови
Парма, 2 февруари 2022 (МИА) - Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, од пред два дена е потпиша за Парма, каде брани прославениот голман Џанлуиџи Буфон. - Сè се случи набрзина и желбата да играм и да бидам протагонист, кој ќе придонесе за остварување на амбициите на клубот ме натера на оваа одлука. Се надевам дека ќе биде добро во Парма и дека ќе ги оствариме целите на клубот, а тоа е влегување во плејофот. Потоа ќе размислуваме и за враќање во Серија А, бидејќи клуб како Парма припаѓа токму таму – во Серија А. Сигурно дека задоволството е големо што ќе играм со Буфон. Знаеме што значи тој за светскиот фудбал и што сè направи во неговата кариера. Кога се видовме на првиот тренинг веднаш ми рече „Конечно сме во иста екипа, сега нема повеќе да ми даваш голови, изјави Пандев за „Видеолотарија Касинос Австрија“. Пандев со Парма потпиша договор до крајот на оваа сезона, иако ништо не најавуваше дека ќе дојде до ваков чекор во неговата кариера. Парма се пресели во Серија Б минатата сезона и во моментов се наоѓа на 12. место, со осум бода помалку од осмото место, кое води во плеј-офот. Сигурно ќе биде посилна со Пандев во својот тим, но дури и да успее да се врати во Серија А, тоа нема да ги смени ставовите на нашиот Горан околу крај на кариерата. - Не, не се менуваат моите планови за завршување на кариерата. Тоа останува исто, на крајот на сезонава ќе ставам крај на активното играње, потврди Пандев. Парма е седми клуб од Италија во кариерата на Македонецот. Претходно играше за Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи и Џенова. зс/

Остани поврзан