• понеделник, 16 декември 2024

Бунтовниците во Нигер се заканија дека ќе го убијат Базум доколку почне воена интервенција против нив, тврдат западни претставници

Бунтовниците во Нигер се заканија дека ќе го убијат Базум доколку почне воена интервенција против нив, тврдат западни претставници

Ниамеј, 10 август 2023 (МИА) - Претставниците на пучистите во Нигер предупредија висок американски дипломат дека ќе го убијат соборениот претседател Мохамед Базум доколку соседните земји воено интервенираат, јавија светските агенции, повикувајќи се на западни официјални претставници кои сакаа да останат анонимни.

Анонимен западен функционер изјави за светските агенции дека вршителот на должноста заменик-државен секретар на САД, Викторија Њуланд, била информирана за заканата за време на нејзината посета на Нигер минатата недела.

Информацијата ја потврди уште еден западен претставник.

Базум беше соборен од водачите на хунтата на 26 јули и оттогаш е заложник во неговата резиденција. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан