• сабота, 23 ноември 2024

Бункер од Втората светска војна во Англија се пренаменува во викендица

Бункер од Втората светска војна во Англија се пренаменува во викендица
Лондон, 4 август 2021 (МИА) - Бетонски бункер изграден 1941 година на рид во Округот Дорсет, јужна Англија, ќе добие нова функција - викендичка на море. Бункерот е изграден во Втората светска војна и во мигов изгледа како бетонска тврдина без прозорци. Некогаш бил дел од радарска станица „РАФ“ која откривала нацистички авиони. Кога завршила војната, некои бункери биле користени и за следење на советските бомбардери до 1950-тите. Денес има само неколку сочувани бункери, а еден од нив е и овој што ќе биде претворен во викендичка. Од 1974 година, бункерот не е користен. Се наоѓа на семејна фарма која постои повеќе од 400 години, а сега го чека целосна преобразба, за што одговорноста им припадна на архитектите на „Липтон плант“. Бункерот е невидлив однадвор, бидејќи е „сокриен“ во тревата. Нема прозорци, но тие ќе бидат додадени. Поточно, бункерот ќе добие еден голем прозорец, така што корисниците ќе може да уживаат во прекрасниот поглед кон морето. Реновираниот објект ќе вклучува кујна, дневна, главна спална соба, дополнителна спална, бања и тераса. Бетонските ѕидови ќе останат заради естетиката и автентичноста на бункерот.  си/сд/

Остани поврзан