• недела, 24 ноември 2024

Бундестаг: За Украина „Холодомор“ беше трауматично поглавје во историјата

Бундестаг: За Украина „Холодомор“ беше трауматично поглавје во историјата

Берлин, 25 ноември 2022 (МИА) - Владејачките партии и демохристијаните во германскиот Бундестаг имаат намера да поднесат резолуција со која гладот ​​предизвикан од СССР во Украина пред 90 години ќе се карактеризира како геноцид.

„За Украина, таканаречениот 'Холодомор' беше многу трауматично, стравично поглавје во историјата“, се вели во нацрт-резолуцијата.

Настаните од пред 90 години, од денешна перспектива, укажуваат дека станува збор за геноцид, сметаат партиите.

Германските партии веруваат дека „Холодомор“ може да се вклучи во списокот на злосторства на тоталитарните системи, при што во Европа во првата половина на 20 век загинаа повеќе од милион луѓе.

Гласањето за оваа резолуција е планирано за следната среда. паг/

Остани поврзан