Бугарското Собрание го ратификуваше договорот за купување нови американски авиони Ф-16 Блок 70
- Бугарските пратеници во прво читање го ратификуваа договорот за набавка на уште осум нови борбени авиони Ф-16 блок 70, јави дописникот на МИА од Софија.
Софија, 25 ноември 2022 (МИА) - Бугарските пратеници во прво читање го ратификуваа договорот за набавка на уште осум нови борбени авиони Ф-16 блок 70, јави дописникот на МИА од Софија.
Договорот има вкупна вредност од над 2 милијарди лева (1 милијарда евра), вклучува муниција, обука на пилоти и одржување.
Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов веќе најави дека два од новите авиони, според првиот договор, ќе бидат испорачани во првиот квартал на 2025 година, а останатите шест до крајот на истата година.
Првите осум авиони Ф-16 Блок 70, кои веќе ги плати Бугарија, треба да пристигнат во 2025 година, а новите осум американски авиони треба да бидат во земјата во 2027 година. Тие ќе се користат за воздушна полиција.
Плаќањето на новите авиони ќе се распореди во период од 10 години. нк/паг/