• сабота, 23 ноември 2024

Бугарскиот премиер Донев најави состанок на Советот за безбедност

Бугарскиот премиер Донев најави состанок на Советот за безбедност
Софија, 16 ноември 2022 (МИА) - Бугарскиот премиер Гулаб Донев најави дека ќе го свика Советот за безбедност на преодната влада, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарскиот совет ќе расправа за заканите од ескалација на конфликтот во Украина, откако Полска беше погодена од ракета во вторникот, при што загинаа двајца нејзини граѓани. Средбата во Софија ќе се одржи по состанокот на НАТО што го побара Варшава, на кој треба да се разговара за активирање на членот 4 од Договорот на Алијансата. Според бугарскиот премиер, треба да има цврста основа за тоа што ќе се каже и одлучувањето мора да се заснова на факти. Тој смета дека секој непромислен збор носи ризик од ескалација на конфликтот и убивање невини луѓе. Според Донев, секој неизмерен збор носи ризик од ескалација на конфликтот и убивање невини луѓе. Денеска ќе има состанок на двете парламентарни комисии за надворешни работи и одбрана на бугарскиот парламент, на кој ќе присуствуваат вршителите на должноста министри за надворешни работи Николај Милков и за одбрана Димитар Стојанов, како и раководителите на бугарските специјални служби. нк/паг/

Остани поврзан