Бугарската државна агенција БТА испрати писмо со сочувство до МИА
- Директорот на бугарската државна агенција БТА Кирил Влчев испрати писмо со сочувство до МИА за трагедијата во Кочани.

Софија, 16 март 2025 (МИА) – Директорот на бугарската државна агенција БТА Кирил Влчев испрати писмо со сочувство до МИА за трагедијата во Кочани.
- Примете го моето најдлабоко сочувство и на моите колеги од Бугарската телеграфска агенција (БТА) за жртвите од пожарот синоќа во градот Кочани. Од МИА ја дознавме веста за десетици загинати и повредени, а БТА ја пренесе до сите медиуми во Бугарија, кои тагуваат заедно со народот на Република Северна Македонија, напиша Влчев.
Тој потсети дека бугарските институции и граѓани веќе изразија подготвеност да помогнат во се што е потребно.
- Бидете силни! Не сте сами во оваа искушение, нагласи Влчев. јт/