• понеделник, 23 декември 2024

Бугарската Влада го одобри Меморандумот помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија за Коридорот 8

Бугарската Влада го одобри Меморандумот помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија за Коридорот 8
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) - Бугарската Техничка влада денеска го одобри Меморандумот за разбирање помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија за соработка во изградба на инфраструктура долж Коридорот 8, соопшти владината Прес-служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, главната цел на стратешкиот документ е да се потврди „волјата и подготвеноста на трите земји за долгорочно планирање и координиран развој на врските меѓу Јадранското и Црното Море“. Акцент во документот е ставен на инвестициски проекти со голема вредност за Балканот и за мерки за градење на врски меѓу трите земји, вклучувајќи проекти на териториите на секоја од нив. нк/сп/

Остани поврзан