• вторник, 24 декември 2024

Бугарија од 13 мај ја отвора сезоната за домашни туристи, во преговори и за странски

Бугарија од 13 мај ја отвора сезоната за домашни туристи, во преговори и за странски
Софија, 9 мај 2020 (МИА) - Домашниот туризам во Бугарија ќе продолжи на 13 мај, кога ќе заврши вонредната состојба, но не е познато кога земјата ќе почне да прима странски туристи. Министерката за туризам Николина Ангелкова рече дека следната недела ќе почне постепено отворање на малите пансиони и хотели, кои мора да се придржуваат на здравствените мерки против ширење на вирусот. Таа додава дека за големите туроператори Бугарија спаѓа во групата на ниско ризични дестинации, бидејќи, како што рече, „одлично се носи со последиците од заразата и на време ги презеде мерките за изолација“. - Во преговори сме со Полска, Германија, Чешка, Романија, Грција, Украина, Израел, Молдавија, Србија, Северна Македонија, Турција и други земји кои покажале интерес за Бугарија како летна дестинација, рече министерката Ангелова. Таа истакна дека Бугарија се надева на туристи од соседните земји, кои најчесто користат патен транспорт. паг/    

Остани поврзан