Бугарија/Избори: Трифонов смета дека изборниот ден бил добар за бугарската демократија
- Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов објави на својот Фејсбук-профил дека денешниот ден бил добар ден за бугарската демократија, бидејќи според него ова б
Софија, 11 јули 2021 (МИА) - Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов објави на својот Фејсбук-профил дека денешниот ден бил добар ден за бугарската демократија, бидејќи според него ова биле најфер избори досега.
Таквиот негов став е поради новите изборни правила, јави дописникот на МИА од Софија. Според него, со правилата се ограничиле максимално купување гласови, корпоративниот глас и манипулациите со „мртвите души“.
Поддршката добиена за „Има таков народ“ е неверојатна, додаде Трифонов.
Тој додае дека утре ќе објави за следните чекори на партијата. нк/