• вторник, 24 декември 2024

Бугарија/Избори: Воведувањето машинско гласање во Бугарија беше апсолутно исправен потег, смета спикерот на парламентот

Бугарија/Избори: Воведувањето машинско гласање во Бугарија беше апсолутно исправен потег, смета спикерот на парламентот
Софија, 11 јули 2021 (МИА) -  Воведувањето машинско гласање во Бугарија беше апсолутно исправен потег. Со таков став е спикерот на 45-то народно собрание на Бугарија, Ива Митева од партијата „Има таков народ“. Машинско гласање беше воведено по новите измени во Изборниот законик во делови со над 300 гласачи. Митева истакна дека е исклучително среќна што Уставниот суд ја потврди и исправноста на нивната одлука. „Една од причините за воведување на ова машинско гласање беше оваа нееднаква ситуација во која се наоѓаа бугарските граѓани во земјата и оние во странство“, изјави Митева. „Мислам дека ја направивме вистинската работа. Мотивите во жалбата на ГЕРБ против нашата одлука беа многу неосновани и апсурдни". Митева потсети дека во 2017 година машинското гласање пропаднало поради неуспешна јавна набавка. зш/

Остани поврзан