• сабота, 23 ноември 2024

Бруно Ле Мер: Франција е подготвена да национализира големи компании, ако е неопходно

Бруно Ле Мер: Франција е подготвена да национализира големи компании, ако е неопходно
Париз, 17 март 2020 (МИА) – Франција е подготвена да национализира големи компании „доколку е неопходно“, со цел да се заштити економијата од штетите кои ќе ги предизвика пандемијата од коронавирусот, изјави министерот за финансии Бруно Ле Мер. - Нема да се колебам да ги употребам сите достапни методи со цел да ги заштитам големите француски компании, истакна францускиот министер во телефонски разговор со новинарите. Ле Мер нагласи дека „тоа може да се случи преку капитални инвестиции или стокови набавки, а може да се прибегне и кон терминот национализација, доколку е тоа неопходно“. гт/

Остани поврзан