• вторник, 24 декември 2024

Бројот на невработени во Германија се намали за 108.000 и покрај кризата со коронавирусот

Бројот на невработени во Германија се намали за 108.000 и покрај кризата со коронавирусот
Берлин, 30 септември 2020 (МИА) - Бројот на невработени во Германија се намали за 108.000 во септември, и покрај кризата поради коронавирусот, во споредба со претходниот месец. Овој месец 2.846 милиони Германци биле без работа, што е за 613.000 повеќе од пред една година, објави Федералната агенција за труд. Стапката на невработеност во септември беше 6,2 проценти. Намален е и бројот на работници со скратено работно време. паг/      

Остани поврзан