• понеделник, 16 декември 2024

Бројот на мигранти кои пристигнуваат во Шпанија е речиси двојно зголемен во изминатата година

Бројот на мигранти кои пристигнуваат во Шпанија е речиси двојно зголемен во изминатата година

Мадрид, 3 јануари 2024 (МИА) - Бројот на илегални мигранти кои влегле во Шпанија минатата година се зголемил за 82,1 отсто во споредба со 2022 година и достигна 56.852 лица, поради големиот број пристигнувања на Канарските Острови, покажуваат прелиминарните податоци од шпанското Министерство за внатрешни работи.

Годишната бројка е највисока од 2018 година, кога во земјата пристигнаа 64.298 мигранти, која е една од главните порти кон Европа заедно со Италија и Грција.

Минатогодишниот пораст главно се должи на рекордниот проток регистриран на Канарските Острови. Овие острови во Атлантскиот Океан, лоцирани во близина на северозападниот брег на Африка, примија вкупно 39.910 мигранти, што е за 154,5% повеќе од 2022 година и го надминува претходниот рекорд од 2006 година.

Според податоците на европската агенција Фронтекс, тие мигранти дошле главно од Мароко и Сенегал. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан