• вторник, 24 декември 2024

Бројот на кибер-закани се зголемува пред „црниот петок“

Бројот на кибер-закани се зголемува пред „црниот петок“

Москва, 20 ноември 2024 (МИА) - Кибер-криминалците извршија повеќе од 38 милиони „фишинг напади“ оваа година претставувајќи се како големи компании, банки и технолошки продавници. Украдените податоци од платежните картички активно се продаваат на дарк веб форумите, а цените се движат од 70 до 315 долари, објави компанијата „Касперски“.

-Додека купувачите во потрага по најдобри зделки се подготвуваат за „црниот петок“, истражувачите на нашата компанија набљудуваат како кибер-криминалците и измамниците се подготвуваат да го искористат овој интерес и да се обидат да украдат лични информации и пари, како и да шират измама преку измамнички понуди дизајнирани да привлечат клиенти, се наведува во извештајот и се додава дека во периодот од јануари до ноември, решенијата на компанијата блокирале 38.473.274 „фишинг напади“ поврзани со онлајн купувања, платежни системи и банки.

Од нив, 44 проценти се однесуваат на користење на банкарски услуги како мамка, што е зголемување за речиси четвртина во однос на истиот период лани.

Еден начин е, исто така, измамниците да се претставуваат како големи трговски синџири, на пример „Амазон“ или „Волмарт“, испраќајќи погрешна е-пошта со тврдење дека нудат ексклузивни попусти.

Овие мејлови содржат линкови до лажни веб-локации кои изгледаат како вистински, често со суптилни грешки како што се погрешни правописи или малку изменети домени. Жртвите кои се обидуваат да купат нешто на овие сајтови обично завршуваат без пари. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан