• сабота, 27 јули 2024

Бројот на излекувани од Ковид-19 во светот надмина 32 милиони

Бројот на излекувани од Ковид-19 во светот надмина 32 милиони
Њујорк, 26 октомври 2020 (МИА) - Бројот на лица излекувани од Ковид-19 во светот надмина 32 милиони, според податоците на веб-страницата „Ворлдметер“ („Worldometers"). Досега, 32001.313 пациенти биле излекувани од коронавирус во светот, односно 96 проценти од 43.520.941 од сите евидентирани случаи. Од последиците на Ковид-19 досега починале 1.161.360 лица, што е четири проценти од вкупниот број пациенти. Во моментов има 10.358.268 активни случаи. Лесни симптоми на болеста покажуваат 99 проценти од заразените или 10.280.049 лица, додека 78.219 пациенти се во критична состојба. паг/    

Остани поврзан