• четврток, 26 декември 2024

Бројот на загинати во земјотресот во Тајван се искачи на 13, стотици луѓе остануваат блокирани

Бројот на загинати во земјотресот во Тајван се искачи на 13, стотици луѓе остануваат блокирани

Тајпеј, 6 апарил 2024 (МИА) - Бројот на загинати во земјотресот што го зафати Тајван оваа недела се искачи на 13. Стотици луѓе остануваат блокирани, јави ДПА, повикувајќи се на властите.

Тие денеска соопштија дека е пронајдено уште едно тело во тешко погодениот национален парк Тароко на истокот од островот.

Шест лица се водат како исчезнати. Повредени се 1.145 лица.

Вчерашните податоци беа за 12 загинати и 13 исчезнати.

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала во средата ја погоди ретко населената област Хуалиен во источниот дел на Тајван. Планинските патишта беа отсечени поради лизгање на земјиштето, оставајќи повеќе од 440 луѓе - туристи и локални жители - заглавени во Националниот парк Тароко, познат по своите живописни глетки, но и нерамен терен. паг/

Фото: МИА архива

 



 
 
 

Остани поврзан