• недела, 21 јули 2024

Бронзен медал за Поп Арсова на Балканската атлетска трка на 10 километри

Бронзен медал за Поп Арсова на Балканската атлетска трка на 10 километри
Карловац, 11 јуни 2022 (МИА) – Забележителен настап на првата Балканска атлетска трка на 10 километри во хрватскиот град Карловац постигна македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова, освојувајќи го бронзениот медал. Поп Арсова, која настапува за Атлетскиот клуб Делта од Скопје мина трето пласирана низ целта, истрчувајќи ја уличната трка во Карловац во време од 35:08. Настап на меѓународната сцена денеска ги очекува и македонските атлетичари Дарио Ивановски и Јован Стојоски на Европското првенство за мали земји, чиј домаќин е Малта. На Европското првенство во градот Марса, Ивановски ќе настапи во трката на 5.000 метри, додека Стојоски ќе се натпреварува во трките на 100 и 400 метри. ег/сх/  

Остани поврзан