• понеделник, 23 декември 2024

Брод на „Лекари без граници“ спаси 440 мигранти во близина на Малта

Брод на „Лекари без граници“ спаси 440 мигранти во близина на Малта

Валета, 5 април 2023 (МИА) - Хуманитарен брод на „Лекари без граници“ синоќа спаси 440 мигранти од брод зафатен во невреме во меѓународни води во близина на Малта, соопшти денеска невладината организација.

„По операција од повеќе од 11 часа, спасувањето сега е завршено, а вкупно 440 луѓе, меѓу кои осум жени и 30 деца, сега се безбедни на бродот 'Гео Баренц' и се згрижени од нашиот тим“, објавија „Лекари без граници“ на Твитер со фотографии од спасувањето.

Бродот „Гео Баренц“ добил повик за помош додека барал засолниште во Медитеранот за време на невремето, а потоа го променил курсот за да пријде на помош, соопшти организацијата.

Поради лошите временски услови, екипата на Лекари без граници не можела веднаш да оди на помош, се вели во соопштението. паг/

Остани поврзан