• сабота, 23 ноември 2024

Бродот со 422 мигранти доби дозвола да се закотви во Сицилија

Бродот со 422 мигранти доби дозвола да се закотви во Сицилија
Палермо, 8 февруари 2021 (МИА) - Спасувачкиот брод „Оушн Викинг“ со 422 мигранти доби дозвола да се закотви во Сицилија, соопшти невладината организација СОС Медитеран. - Италијанските власти го упатија екипажот до пристаништето Августи северно од Сиракуза, изјави портпарол на здружението. „Оушн Викинг“ минатата недела ги спаси мигрантите од оштетените чамци во либиските води. „Во саботата, две лица беа евакуирани од бродот во сериозна здравствена состојба и пренесени со воен хеликоптер на Малта“, се наведува во соопштението на здружението. Состојбата на бродот се влоши поради тесниот простор и лошите временски услови, а осум лица се позитивни на коронавирусот. Некои од спасените мигранти се државјани на Брегот на Слоновата Коска, Мали и Судан. паг/

Остани поврзан