• понеделник, 23 декември 2024

Брнабиќ: Со мирни протести го покажуваме демократскиот капацитет

Брнабиќ: Со мирни протести го покажуваме демократскиот капацитет
Белград, 9 јули 2020 (МИА) - Српската премиерка Ана Брнабиќ порача вечерва дека Србија секогаш е отворена за мирни протести, бидејќи со тоа го покажува својот демократски капацитет, но смета дека поради епидемијата на коронавирусот ова не е време за собири. Таа им упати порака на учесниците на мирните протести да се придржуваат кон пропишаните мерки, да носат заштитни маски и да одржуваат физичка дистанца. - Ова не е време. Единствена и најважна борба која мораме да ја победиме е коронавирусот. Не може Владата сама, не може Владата со претседателот, туку сите заедно, нагласи српската премиерка. Брнабиќ изрази задоволство што вечерва на протестот пред зградата на Парламентот во Белград нема хулигани. Сепак, вечерва околу 21:30 часот на просторот меѓу Градското собрание и Претседателството на Србија одекнала експлозија од пиротехнички средства, познати под името „топовски удар„, во момент додека повеќето демонстранти веќе два и пол часа седеле и мирно протестирале пред зградата на Парламентот. Демонстрантите тврдат дека меѓу нив има провокатори и дека повеќе пати забележале групи од млади луѓе кои чудно се однесуваат. гт/

Остани поврзан