• вторник, 12 ноември 2024

Брнабиќ: Приштина има отворена покана за „мини Шенген“

Брнабиќ: Приштина има отворена покана за „мини Шенген“
Белград, 3 септември 2020 (МИА) - Српската премиерка Ана Брнабиќ, во врска со информациите дека состанокот во Вашингтон може да резултира со приклучување на Приштина во „мини Шенген“, изјави дека таа не знае дали тоа ќе се случи, но оцени дека би било добро за сите граѓани од регионот да работат на заеднички проекти. По посетата на археолошкиот локалитет Винча Бело Брдо заедно со американскиот амбасадор Ентони Годфри, Брнабиќ изјави дека Приштина има отворена покана да се приклучи на балканскиот „мини Шенген“. - Тоа би било позитивен сигнал да размислуваме за суштински работи и да не се занимаваме само со политички прашања каде што само едната страна е подготвена на компромис, а другата не е. Јас би сакала да најдаме заеднички став за подобрување на квалитетот на животот, рече Брнабиќ. Таа додаде дека Србија се согласува со Соединетите Американски Држави дека прво е важно да се разговара за економски прашања и да се подобри стандардот на граѓаните. паг/      

Остани поврзан